Воен ветеран бил одбиен од ресторан затоа што имал куче за поддршка
Поранешен лекар на вооружените сили останал да се чувствува „болен и засрамен“ откако бил одбиен од ресторан затоа што бил со своето куче за поддршка на пост-трауматскиот стрес.
На Ричард Мернс му било кажано „воопшто не смееле да пуштаат животни“ да влезат во установата, дури и откако им кажал на вработените зошто му е потребен неговиот Лабрадор Зиги со него во секое време.
Како резултат, тој бил принуден да го напушти индискиот ресторан Шапур во Странд, централен Лондон, велејќи дека бил дискриминиран заради неговата состојба. Откако Ричард бил одбиен од овој ресторан отишол во тајландски каде што бил пречекан со раширени раце. Сепак неговата вечер била уништена и Зиги се трудел да го утеши.
Ричард вели дека кучето Зиги му е потребно за било какви секојдневни обврски. Дури и возењето во јавен превоз сам е проблем за ветеранот. Кучето му создава личен простор и го смирува така што ја става главата на негвоите колена, инаку Ричард ќе доживее паничен напад.
Ричард и натаму страда од ретроспективи, откако бил сведок на трауматски жртви и во сојузничките и во непријателските војници, откако бил распореден во Ирак во 2003 година. Тој бил дијагностициран со пост-трауматскиот стрес во 2009 година, пред да биде запознаен со Зиги.