„Војна“ помеѓу ресторан и инфлуенсерка во Манчестер го „запали“ интернетот: „Еј, сакате ли да ми дадете оброк бесплатно, а јас да ве објавам? – Не, не сакаме!“
Неделава се случила драма во Манчестер, помеѓу инфлуенсерка и ресторан.
Инфлуенсерката им испратил порака на „Лаки Рамен и Суши“, прашувајќи ги дали сакаат да ја почестат со бесплатен оброк, според „The Manchester Evening News“.

Објавувајќи дрска слика од екранот во нивните пораки, ресторанот се потсмеваше на барањето велејќи: „Изложеноста ги плаќа сметките!“. Но, се чини дека оваа ѕвезда на „TikTok“ не се забавувала откако ја видела објавата, па не се воздржала.
Таа возвратила со огорченост. Таа рекла: „Одиме каде сакаме, јадеме што сакаме и на крај – сето тоа е бесплатно! КОЈ СЕГА СЕ СМЕЕ? ??“ Таа додаде: „Лично, мислам дека не сте во ред. Да ме разоткриете вака? ? ? Значи, мислите дека луѓето како нас не заслужуваат да јадат БЕСПЛАТНО? Камо да можевте да сфатите, даваме се од себе да ви помогнеме и промовираме БЕСПЛАТНО! ! Не очекуваме многу, само бесплатен оброк за да ни го надомести времето, трудот и позитивната енергија што ви ја даваме.

„Фактот дека сакате да не разоткриете, а сме влијателни лица, значи дека нема да дојдеме наскоро да ве поддржиме. Вашата храна изгледа добро и слушнавме дека е одлична атмосферата, па затоа се обидуваме да поддржиме. Но, вашата ароганција ме разболе. Хаха многу смешно, но ние сме тие што се смееме“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно