Војна против криминалот или кршење на правата? Претседателот Букеле во Ел Салвадор создава „дистописка реалност“

Во обид да ги искоренат опасните криминални групи, повеќе од 2,000 војници и 500 полицајци го опколија градот Ел Салвадор. Акцијата, која вклучуваше блокада на населбата Сан Маркос, е дел од новите мерки на претседателот Најиб Букеле, насочени кон елиминирање на останатите членови на озлогласените банди како MS-13, кои се долго присутни на улиците. Букеле соопшти дека околу населбата е воспоставен безбедносен периметар за да се спречи бегство на криминалците.

 

 

 

Долгогодишните борби против бандите во земјата се заострија со воведувањето на вонредна состојба од страна на Букеле на 27 март 2022, која постојано се продолжува – потег што предизвика критики од страна на активисти за човекови права. Според Ерика Гевара-Розас од Амнести Интернешнл, Букеле вети дека ќе ги почитува човековите права, но наводно тоа не го исполнил.

 

 

Дел од контроверзните мерки е и „футуристичкиот мега-затвор“ со повеќе од 12,000 затвореници, каде тие се сместени во големи ќелии и немаат право на посети. Директорот на затворот изјави дека нема надеж за рехабилитација на затворениците. Салвадорскиот новинар Рубен Дијез, кој го посети затворот, истакна дека многу лица се затворени без доволни докази, особено оние кои имаат тетоважи со симболи на банди.

 

 

Иако строгите мерки на Букеле доведоа до остри критики дека системот е „дистописки“ и предизвикува затворање на невини лица, статистиките покажуваат значително намалување на стапките на убиства, што му донесе висока поддршка кај населението.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *