Војници ја спасиле „Наредник Мустаќи“ од сигурна смрт и сега сакаат да ја носат преку океанот

Неодамна приказната стана хит на интернет. Наредник Келси нашла мачка во еден од нивните кампови во Блискиот Исток. Мачката била ранета и болна и ѝ  требало итна нега.

Откако Келси и нејзиниот тим се погрижиле за мачката ѝ го дале името „Наредник Мустаќи“. Врската помеѓу мачката и војниците станувала се` посилна и посилна.

Наредник Мустаќи била благодарна за грижата и љубовта, а војниците имале пријателка за гушкање и морална поддршка.

Неколку дена подоцна, на изненадување на многу луѓе, Наредник Мустаќи донела две мачиња во кампот. Војниците биле импресионирани од тоа како мачката успеала да ги оддржи мачињата во живот. Мачињата брзо се поврзале со наредникот и војниците и станале дел од семејството. Во моментов, војниците собираат донации за да можат да ги донесат мачиња во САД, здрави и живи.