Волонтери со златно срце направија ѕвездено небо за дечињата на Онкологија

Волонтери од здружението САНО, родители на деца кои ја победиле битката со ракот и други граѓани со големо срце, со големи насмевки на лицето се собраа под прозорците на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и направија ѕвездено небо за да ги расположат малите пациенти кои се борат со рак.

Овој викенд групата на хумани луѓе ја пееја песната „За овој свет“ од Тоше Проевски и со светлата од телефоните направија ѕвездено небо, кое и самиот Тоше многу го сакаше.

Малите дечиња од балконите, со насмевка на лицата го следеа настанот.

„Да им кажеме да не се плашат, да стегнат заби и да победат, а ние ќе бидеме таму да им покажеме дека не се сами. Ние сме тука за нив“ – напишаа од САНО за целта на нивната иницијатива.

Фотографиите беа објавени од САНО на нивните социјални мрежи.