Вооружени разбојници украле 600 ролни тоалетна хартија од супермаркет во Хонг Конг

Хистеријата околу коронавирусот го зафати целиот свет, а најновиот пример за тоа колку хаос предизвика е кражба на тоалетна харија од супермаркет.

Во Кина има повеќе од 74.000 потврдени случаи на висурост и над 2.000 смртни случаи, иако во другите земји нема масовно ширење на вирусот сепак предизвика вознемиреност.

Во вакви периоди често се случува да се појават лажно вести на кои јавноста реагира на секакви можни начини. Таква на пример беше веста дека во Хонг Конг повеќе нема да има тоалетна хартија што доведе до вооружен грабеж на тоалетна хартија во вредност од 1.600 ХК долари.

Тројца разбојници од кои едниот бил вооружен со два ножа украле 600 ролни во околу 50 пакувања од маж кој вршел испорака пред продавницата „Велкомес“ во Монг Кок. Полицијата уапсила две лица, на возраст од 49 и 54 години.

Но велат дека биле вмешани уште 3-ца и трагаат по нив. Украдените ролни биле пронајдени релативно брзо, откако биле оставени близу до продавницата во куќа на улицата Саи Ји. Никој не бил повреден во инцидентот.

Кражбата најверојатно била мотивирана од лажните известувања наводно испратени од Велкомед, тврдејќи дека производството на тоалетни ролни е стопирано поради затворање на фабрики во Кина.