Возач на Тесла ги шокира луѓето откако ја сподели првата сметка за струја по 12 месеци

Еден возач на Тесла го остави интернетот во неверување, откако ја објави својата сметка за електрична енергија за период од 12 месеци.

Според снабдувачот на енергија EDF, трошокот за управување со електричен автомобил целосно зависи од марката и моделот, бидејќи различни возила имаат различни поврзани трошоци.

Сепак, со зголемениот број електрични автомобили, долгорочно поседувањето електричен автомобил најверојатно ќе чини помалку, бидејќи овие автомобили бараат помалку одржување.

 

Сопствениците на електрични автомобили можат да ги полнат на јавни станици за полнење, но повеќето имаат домашен полнач. Затоа е важно да се обезбеди соодветен енергетски тарифен план за да се одржат трошоците што е можно пониски.

Цената за поставување на домашен полнач варира, но се проценува на повеќе од 1000 евра.

Според Octopus Energy, полнењето дома може да чини само 0,03 евра по километар, околу 0,16 евра по километар на јавните „улични полначи“ и околу 0,21 евра по километар на јавните станици за брзо полнење.

Времето за полнење варира од еден до 10 часа, во зависност од начинот на полнење на возилото.

Во САД, еден сопственик на Тесла објави на платформата X (поранешен Twitter) изненадувачки ниска сметка за електрична енергија.

Корисникот, @Tesla_GTownTX, сподели слика од својата сметка, која изнесувала само 2,37 долари (1,89 фунти).

„Првпат добив сметка по 12 месеци. Ова е ужасно“, напиша тој со доза сарказам.

 

Луѓето беа збунети како сметката може да биде толку ниска, па многумина се прашуваа дали сопственикот има дополнителни начини за заштеда.

Сопственикот објасни дека користи соларни панели за да ги намали трошоците, како и Tesla Powerwall – батерија на полнење која складира енергија од сончевите панели или електричната мрежа.

„Powerwall ви дава можност да складирате енергија за подоцнежна употреба и работи со соларни панели за да обезбеди енергетска сигурност и финансиски придобивки. Секој Powerwall систем е опремен со мониторинг на енергија, мерење и паметни контроли кои се прилагодуваат преку апликацијата Tesla“, вела од Tesla.

Powerwall доаѓа со прилично висока цена, која се движи од 6.000 до 12.000 евра.

Иако сметките се навистина ниски, почетниот трошок за инсталацијата е значителен.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *