Возбудлива видео прошетка на саемот за надградени автомобили „Tuner Evolution“

Интересна е приказната како настанал ваков саем. Пред 10-тина години, по повод роденденот на еден страствен ентузијаст за автомобилизмот, се собрале поголемо друштво и ги изложиле своите автомобили во едно мало гратче во Пенсилванија, САД.

Бидејќи интересот на луѓето бил особено голем, секоја година настанот добивал се поголеми размери, за после една деценија, да почне да се одржува во 8 поголеми градови низ цела Америка.