Вознемитувачка слика на „Google Earth Maps“ реши мистерија стара 20 години

На 7 ноември 1997 година, 40-годишниот Вилијам Молт бил пријавен за исчезнат во Лантана, Флорида, САД.

Според извештаите, Молд заминал од ноќен клуб сам и ѝ се јавил на својата девојка околу 21.30 часот за да ѝ каже дека е на пат кон дома. Тој за жал никогаш не се вратил.

Полицијата започнала истрага за исчезнато лице, но без никакви траги, случајот останал нерешен.

Меѓутоа, повеќе од 20 години по неговото исчезнување, некој забележал потонато возило во езерце на „Google Maps“ и го пријавил во полиција, по што истрагата добила нов тек.

Телото на Молд било откриено во 2019 година, а изворите тврдат дека сателитските слики на возилото се достапни на „Google Earth“ од 2007 година.

Поради состојбата на автомобилот, полицијата утврдила дека најверојатно бил под вода подолго време.


Посмртните останки на Молд биле лоцирани во возилото откако тоа било извлечено од езерцето, а аутопсијата го потврдила идентитетот на Молдт една недела подоцна.

Полицијата претпоставува дека Молд изгубил контрола над своето возило и влетал во езерцето.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.