Вработен во зоолошка градина од отворен тип спасува срничка од огромна змија

Во зоолошката градина Као Кео во Тајланд нема кафези и мрежи туку животните слободно си шетаат каде ќе посакаат. Срничката одбрача погрешно место за шетање, но за среќа, чуварот стигна на време. Зоолошката градина се протега на 2000 хектари земја и има околу 8000 животни од дури 300 различни видови.

Змијата на видеото е боа стегач, исто така наречена црвенoопашеста боа или обична боа. Змијата не е отровна, пленот го убива со стегање, а живее во тропските делови на Северна, Централна и Јужна Америка, како и на некои острови на Карибите.