Вработена во продавница за донирана облека пронајде богатство при диплење
Во одреден момент од вашиот живот, ќе наидете на банкноти за кои првично не сте сфатиле дека ги има во еден или друг џеб. Тоа е едно од најдобрите чувства на светот, наоѓање на „богатство“ за кое сте заборавиле.
Сепак, она што е помалку веројатно е да се донираат некои џемпери спакувани со повеќе од 42.000 долари во кеш во вашата локална добротворна продавница. Како и да е, една вработена за неколку минути држеше во рацете огромен износ на пари.

Андреа Лесинг, вработена во продавницата „Гудвил“ во Норман, Оклахома, проверувала облека за да се осигура дали е соодветна за продажба кога наишла на два џемпери завиткани заедно. „Имаше купишта пликови со по 100 долари. Мојата прва помисла беше дека се лажни.“, вели таа.

Вкупната сума била 42.000 долари, а имало дури и документи за да се помогне во пронаоѓањето на сопственикот. Иако сигурно постоело некое искушение само за да се задржат парите, Андреа верува во карма. „Имам ќерка, ја сакам многу и не можете да и ставите цена на мојата ќерка. Знам што може да се ризикува се украдат тие пари. Јас верувам дека ако направиш нешто добро, нешто добро ќе ти се врати“, рече таа.
И врати се, тоа се случи. Сопствениците, кои останаа анонимни, ѝ дадоа 1.000 долари за нејзината чесност.
