Вработена во училиште украла пилешки крилца во вредност од 1.5 милиони долари, а еве колку години затвор ќе лежи за тоа

Проценките се дека Вера Лидел украла 11,000 кутии со пилешки крилца, кои биле наменети за учениците во текот на врвот на пандемијата на COVID, според обвинителите.

68-годишната жена ја започнала шемата во јули 2020 година и не била откриена сè додека еден бизнис-менаџер во нејзиното училиште во близина на Чикаго не открил дека трошоците за храна биле 300,000 долари над буџетот за време на рутинска ревизија, според американските медиуми.

Лидел купувала огромна количина храна и користела училишно комбе за да ја подигне – учениците никогаш не виделе ниту едно крилце.

Во тоа време училиштата биле затворени поради пандемијата, но дистриктот сепак испраќал пакети со оброци до учениците кои учеле од дома.

Лидел, која била на чело на службата за храна 10 години во дистриктот, првично била обвинета за кражба и водење на криминална организација. Таа беше осудена на девет години затвор по признавање на вината.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *