Вработените ја донеле мачката за да се ослободат од глувци, но таа почнала да им носи пари

Ние сакаме мачиња и не е само заради нивните меки, крзнени стомаци. Тие исто така се одлични ловци кои можат да ни помогнат да ги избегнеме домашните штетници и глодари.

И токму оваа ловна вештина ја започна целата приказна, која заврши со создавање на добротворна организација. Океј, знаеме дека е тешко да се види врската помеѓу овие 2 факти, така што ќе ви раскажеме сè од почеток.

Ова прекрасно маченце беше посвоено од сопственикот на маркетинг агенцијата GuRuStu, во Тулса. Тие имале глувци во канцеларијата а мачката беше одлично решение за да помогне во решавањето на овој проблем. Овој неодолив член на тимот набргу се вклопил и постојано седел до прозорецот и прател што се случува.

И сето ова се чинеше нормално, обична мачка која ги гледа луѓето што минуваат. Но, одеднаш, тимот најде пари на подот близу вратата. Тие не можеа да разберат од каде потекнуваат. Ситуацијата се повторуваше одново и одново, и тие не можеа ниту да претпостават како и зошто ова се случува.

Сепак, подоцна тие дојдоа до теорија. Канцеларијата на компанијата се наоѓа во областа за забава. И многу луѓе поминуваат покрај вратата на канцеларијата. Па, што ако луѓето користеле пари за да си играат со мачката? Теоријата се покажа вистинита. И вака функционира:

Мачката со необичен талент стана навистина популарна, а многу луѓе доаѓаа да се играат со неа. Поради ова, се појавија повеќе пари внатре во вратата и екипата реши да најде достојна причина за донирање.

Тие решија овие пари да ги дадат на добротворната организација наречена Tulsa Day Center for the Homeless затоа што има многу бездомници во областа, а и самото маче некогаш било бездомно.

Овој симпатичен крадец стана познат како CASHnip Kitty и луѓето почнаа да му испраќаат пари и да го поддржуваат. Ова маче никогаш нема да биде обично бидејчи несвесно најде начин како да им помага на луѓето на кои тоа им е најпотребно.