Вработените пристигнале на работа и таму ги пречекал вистински новогодишен лавиринт

Работното место понекогаш може да биде многу досадна средина, особено за новогодишните празници кога сѐ наоколу е шарено. Но, сепак со добра организација и средината во која работиме може да донесе дел од новогодишниот дух. Така направиле и претпоставените во канцеларија на Viking. Откако вработените се вратиле од викендот и очекувале „мрзоволен“ понеделник насмевки веднаш им се појавиле на лицата штом влегле во канцеларијата.

Во канцеларијата бил направен лавиринт од 1.152 картонски кутии, помалите канцеларии биле преполни со топчиња и секакви новогодишни декорации. Оваа работно место изгледа како „Зимска земја на чудата“ и освен што го разбудило детето во секој од вработените ќе се насмее и вас. Еве како изгледа изненадувањето за вработените: