Вратете го и никако не го јадете! Овој производ е небезбеден за конзумирање и се повлекува од продажба во Македонија затоа што е пронајдено исклучително ОТРОВНА супстанца во него

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се повлекува од продажба небезбеден производ – сурови горчливи семки од кајсија поради присуство на цијановодородна киселина.

Водород цијанид, понекогаш наречен и прусинска киселина е безбојна, исклучително отровна и запалива течност која врие малку над собната температура, на 25.6 °C.

 

Сурови горчливи семки од кајсија на производителот „Менехопулос“ од Солун чиј увозник и дистрибутер е „Зото трејд“ од село Штука, општина Босилово се небезбедни за употреба и се повлекуваат од продажба, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оние кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број/лот и рок на употреба, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

Сериски број/лот: LL0131G1001  и  LL0131G1002
Датум на производство: 09.2022 година
Рок на употреба: 31.05.2024 година

Производител: МЕНЕХОПУЛОС Д.БРОС. ЦО Солун, Грција
Увозник во РСМ: ДПТУ ЗОТО ТРЕЈД ДООЕЛ  с. Штука Босилово
Дистрибутер во РСМ: ДПТУ ЗОТО ТРЕЈД ДООЕЛ  с. Штука Босилово
Оператор со хрaна: ДПТУ ЗОТО ТРЕЈД ДООЕЛ  с. Штука Босилово

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *