Време е да го одврзете ќесето: Приватен остров со замок од 17 век и 200 овци се продава во Велика Британија, за само 2 милиони евра

Островот е еден од Шетландските острови , северно од Велика Британија и е идеално место за некој кој сака да избега од цивилизацијата и динамичното секојдневие.

Островот има сè за осамен одмор: стражарска кула, стар замок и делфини кои пливаат во заливот. Цената на островот и сите згради на него е 2 милиони евра. Сегашните сопственици Ричард Роуланд и Дорота Ричлик го поседуваат веќе три децении.

Интересно е што покрај недвижнините, со островот доаѓа и фарма со стадо од 200 овци.

Островот има 10 километри крајбрежје со многу заливи и пештери, а областа е позната по едрење и риболов, нудејќи целосна приватност, спокојство и пејзажи што го одземаат здивот.

За да стигнете до „копното“, треба да се возите со брод околу десет минути.

Островот претходно бил населен од неолитски племиња, а потоа бил популарно место за одмор на норвешките Викинзи, кои пловеле да ги ограбуваат британските кралства.

Шармантниот замок бил изграден во 17 век за еден богат господар кој доаѓал овде да лови риби, а кон крајот на 19 век бил преземен од богат воденичар од Јоркшир кој приредувал големи забави на островот.

Кога сегашните сопственици Ричард Роуланд и Дорота Ричлик го купиле островот во 1993 година, куќата била пред распаѓање и била во регистарот на историски градби во Шкотска. Оттогаш, тие извршиле бројни реставраторски работи.

Новиот сопственик ќе добие не само стадо чистокрвни шетландски овци, туку и ќе може да се претставува како вистински благороднички господар од минатото. Замокот внатре има сè што ви треба за ова: огромна сала со камин и антички мебел, зимска градина, па дури и тајни премини, од кои едниот води до главната спална соба, а вториот до кујната.