Временска прогноза во САД ја вжешти атмосферата во студиото и домовите на гледачите

Локалната телевизија од Вашингтон (САД) ги шокираше гледачите кога порнографски филм се појави на екранот зад водителката во временската прогноза. Прогнозата се емитуваше во неделата во 18:30 часот, а гледачите беа сведоци на дури 13 секунди непрекинато порнографско дејствување.

Презентерите воопшто не реагираа на експлицитната содржина што се вртеше во позадина за време на емитувањето, бидејќи веројатно не беа свесни што се случува. Персоналот на телевизијата им се извини на гледачите неколку часа подоцна, во вестите емитувани во 23 часот, но не е познато како настанал пропустот.

Полицијата, исто така, се приклучи на истрагата, истражувајќи како експлицитната снимка успеала да заврши на малите екрани и била целосно незабележана од редакцијата и водителите. Клипот од временската прогноза се прошири на социјалните мрежи, а подолу можете да погледнете цензурирана верзија која покажува дека водителите немале идеја што се случува во позадина.