Врескање, липање, солзи: Маж го лажира сопственото апсење, а девојка му не е ни свесна што ја чека. Но, дали сѐ ќе оди по планираното?
Маж од Рок Хил, Северна Каролина, решил да ѝ приреди роденденска забава на својата девојка на 15 јули, но планирал повеќе од торта и балони.
Шејн Арчи (41) сакал да ја запроси неговата партнерка Шакинта Вајт (38), но тоа да биде вредно за паметење. И богами било.
„Не сакав да ја побарам на традиционален начин, па смислив шема како да ме уапсат, но на крајот ја изненадив со прстенот. Сакав тоа да биде незаборавно, возбудливо и изненадувачко во исто време“, откри тој.
На видеото се гледа како Арчи оди на забава во дворот со рацете врзани зад грб од покрупен човек кој носи нешто што личи на пиштол и значка. Вајт веднаш трча низ малата толпа, видно вознемирена додека се приближува до нејзиниот маж и се обидува да го спречи „офицерот“.
Друг маж скока на сцената и се впушта меѓу Арчи и Вајт, која вреска додека нејзините пријатели ја држат.
Како што ситуацијата ескалира, групата конечно му дозволува на Вајт да му пријде на Арчи, кој почнува да ги вади работите од џебовите.
„Извини што го уништувам твојот роденден“, ѝ рекол тој на што таа брзо одговорила: „Не, не го уништуваш“.
„Но, ова ќе ти надокнади. Дали ќе се омажиш за мене?“, прашува Арчи додека ги ослободува рацете и се спушта на едното колено со прстен во раката.
Шокираната идна невеста веднаш паѓа на земја додека присутните на забавата ја бодрат двојката.
Вајт седи на тревата и плачејќи во рацете во шок неколку секунди додека Арчи останува на едното колено пред некој од толпата да извика „Тргни се од подот!“ Сепак, славеничката изгледа премногу запрепастена за да се движи.
Нејзините пријатели конечно ја креваат од земја додека и после сето липање таа конечно да извикува: „Да!
„Поминав низ секоја емоција што ја имав пред да ме запроси. Кога го видов како клекна за да ме замоли да се омажам за него, нозете ми попуштија“, призна Вајт.

Коментирај анонимно