Врв на теориите на заговор во Македонија и вистината позади оваа манипулацијата

Ова е една од многуте вакви слики која кружи по социјалните мрежи. Секој има право да верува во што сака, но ако имате нејаснотии, истражете понатаму и ако откриете лага како во случајов, значи дека некој има некакви други намери со креирање вакви вести. Нашето мало истражување е под сликата!

Инаку се работи за вистинска вест на FoxNews, НО ова е вистината:

  1. Веста е од 2011 (еве линк)
  2. Насловот вели „СЕ СООЧУВА“, значи МОЖЕ ДА ДОБИЕ, а не вели ДОБИ
  3. Судот ги отфрлил обвинувањата и жената продолжила да си одгледува зеленчук во дворот
  4. Главната причина за тужбата биле комшиите кои сметале дека ако некој во маалото одгледува зеленчук во дворо, тоа значително им ја руши цената на нивните имоти. Замилете комшијата ваш во скопје да чува коза. Кој би ја купил вашата куќа?

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.