Вселенски бродови на претходни цивилизации. На што летале во античко време?
Постојат бројни теории кои сугерираат дека древните цивилизации не само што летале во рамките на Земјата, туку можеби патувале и во вселената. Пример за тоа се златните „самолети“ пронајдени кај древните јужноамерикански култури – фигури кои наликуваат на модерни летала, многу различни од реалистично прикажаните птици и риби. Ова навестува дека старите мајстори можеби биле сведоци на вистински воздушни апарати.
Во древните индиски текстови се споменуваат вимани – летачки машини поделени во три типа: атмосферски (за патување на Земјата), меѓупросторни (за космосот) и временски (за патување низ времето). Иако опишани во форма на митови, постојат текстови со детални упатства за нивна изработка и управување.
Докази за „нереални“ технологии
Во 2019 година, истражувачи од Монголија и Кина пронајдоа над 96.000 древни свитоци, од кои само 5% се проучени. Тие опишуваат медицински и технолошки чуда, вклучувајќи апарати налик на модерни „спејс шатли“. Не е јасно дали древните летале со нив или биле посетени од напредни суштества.
Во Романија, ракопис од 16 век на инженерот Конрад Хаас опишува воздушни машини, вклучувајќи авиони, ракети и НЛО. Исто така, содржи скици на возила, оружја и напредни технологии. Според некои, тоа е доказ за загубено знаење од високоразвиена цивилизација.
Племето догони од Африка тврдат дека потекнуваат од соѕвездието Големо Куче. Нивните мапи со точен распоред на ѕвездите биле потврдени од модерната наука дури во 1983 година, со помош на напредни телескопи.
Овие и слични наоди ја отвораат можноста дека човештвото некогаш поседувало знаење и технологии што денес ги сметаме за невозможни.
Пред илјадници години – летале, па потоа – заборавиле да летаат и сеа – пак летаме!
„на ти го – дај ми го“ (стара кубанска поговорка)!
Коментирај анонимно