Вселенски бургер: Необичниот начин на кој астронаут на НАСА направи импровизирана верзија на популарната храна во вселената
НАСА астронаутот Џони Ким, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица (ISS), неодамна покажа како изгледа импровизиран чизбургер направен во вселената — и ништо во неговиот изглед не наликува на апетитен оброк.
Кога сте во вселената и немате пристап до многу работи, а особено не до брза храна, мора да се снаоѓате со она што го имате. Токму тоа го направи Ким кога му се пријаде бургер
Состојките на „вселенскиот бургер“
Преку платформата X (поранешно Twitter), Ким го сподели својот „ренџер бургер“, кој го составил од следниве состојки:
• говедски стек,
• пченичен леб во пакување (вселенски леб),
• сирење во паста што служи и како прилог и како „лепак“,
• запечени компири со сирење во средината,
• и корејска паста од црвен пипер
„Ми недостасува да готвам за моето семејство, но ова на свој начин е совршено“, напиша Ким во објавата.
Ограничени свежи намирници
За жал, многу од храната во вселената е процесирана бидејќи Лабораторијата за вселенска храна при Центарот Џонсон во Хјустон има ограничен капацитет за обезбедување свежо овошје и зеленчук.
„На почеток има свежо овошје“, изјави еден специјалист за The Post, „но како минуваат месеците, тоа исчезнува – а останува само пакетирано или лиофилизирано овошје и зеленчук.“
Сите месни производи – како говедскиот стек што го користи Ким – и јајцата се зготвени однапред на Земјата, а потоа само се загреваат во вселената пред да се консумираат.
Коментирај анонимно