Втора ајкула e забележана како плива покрај шпанското крајбрежје само еден ден откако 2 метри долга ајкула ги преплаши туристите на друга плажа
Ајкулата, опишана како тинтоера, утринава била видена како плива во водата во пристаништето Сиутадела, Менорка. На видеото, може да се види како ајкулата полека кружи околу чамците закотвени во пристаништето додека луѓето се наведнати преку работ за да гледаат.
Тоа доаѓа еден ден откако преплашените капачи се обидоа да истрчаат на безбедно низ вода до половината, додека ајкула 2 метри долга се приближижуваше до брегот на плажата Агуамарина, јужно од Аликанте, во четвртокот.

Но, другата ајкула, забележана вчера, беше пронајдена мртва неколку километри северно, предизвикувајќи стравувања дека таа што е видена денес може да биде повредена. Галеб е снимен како стои на врвот на ајкулата додека брановите ја прелеваат на плажата Ла Калета во Кабо Роиг.

Биологот Хуан Антонио Пујол изјави за еден локален весник: „Да наидеш на вакво нешто кога пливаш во вода остава траума, но треба да останеш смирен бидејќи тие не се агресивни“.
Првичните извештаи укажаа дека станува збор за тинторера или сина ајкула долга околу 2 метри.
Додека минатата недела рускиот турист Владимир Попов (23) беше снимен како го нападна тигреста ајкула и го влече под вода во близина на египетското одморалиште Хургада на Црвеното Море. Неговите делови од телото подоцна беа извадени од внатрешноста на стомакот на предаторот откако беше убиен.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно