Xејк Џиленхол открива зошто интимните сцени со колешката Џенифер Анистон биле „тортура“

Многумина од нас кои не се актери не можат да замислат како би било да се глуми с*кс сцена со некого. Дефинитивно има потенцијал за многу непријатности.

Џејк Гиленхал малку ни ги објасни работите околу тоа како е да се снимаат интимни сцени пред цела филмска екипа, сеќавајќи се  на снимањето на филмот „Добра девојка“ од 2002 година.

Во драма-комедијата, ликот на Џиленхол, Томас Холден Вортер започнува афера со мажена касиерка, Џастин Ласт, која ја игра прекрасната Џенифер Анистон.

Отворајќи се за ова искуство додека беше на шоуто „Хауард Стерн“, Џиленхол ги опиша сцените:

„Снимањето на с*кс сцената беше тортура, да навистина. Но, истовремено и не беше. Мислам, тоа беше како мешавина од двете. Љубовните сцени се незгодни, бидејќи има можеби 30-50 луѓе што ве гледаат. Тоа не ме возбудува“.

Опишувајќи ги таквите сцени како „чудно механички“, 40-годишниот актер објасни:

„Тоа е танц, кореографија за камера. Тоа е како претстава, мора да ги кореографирате тие сцени“.

Со цел да изгледа убедливо, Џиленхал откри дека тој и Анистон користеле метод познат како „техника со перница“:

Перницата во оваа техника служи како „тампон“ помеѓу актерите, создавајќи илузија на контакт, но без премногу физичка интимност.