За инает на Трамп: Натпреварувач, роден како маж, постави рекорд на женска трка од 400 метри
Средношколецот Ајден „Ада“ Галагер, трансродов атлетичар од McDaniel High School, освои злато во 400-метарската ЖЕНСКА трка на натпреварот Portland Interscholastic League. Со резултат од 57.62 секунди, Галагер постави рекорд за сезоната, оставајќи ја втората натпреварувачка, Кинали Суфантонг, цели осум секунди зад себе. Победи и во 200-метарската трка со време од 25.76 секунди.
Натпреварувач, роден како маж, постави рекорд на женска трка од 400 метри
Оваа победа предизвика бурни реакции, особено по неодамнешната извршна наредба на претседателот Доналд Трамп, која забранува биолошки мажи да се натпреваруваат во женски спортови. И покрај заканите за губење федерални фондови, Oregon School Activities Association не ја промени својата политика, која дозволува спортистите да се натпреваруваат според нивниот „утврден родов идентитет“.
Орегонската јавност реагираше со критики, тврдејќи дека ваквите политики ги поткопуваат правата на жените во спортот. Дебатата продолжува, а регулативите остануваат неизвесни.
Stoka gnasna…
Коментирај анонимно