За Македонците не се пријатни: Откријте кои соништа најчесто се сонуваат во различни земји

Од змии, преку заби кои паѓаат, дознајте кои се најчестите соништа во различни земји! Најчесто сите проверуваме соновник кога ќе сонуваме нешто и не чекаат најразлични одговори, дали ќе добиеме на лотарија или пак нема да имаме среќа периодот не се знае. Некои луѓе веруваат во остварувањето на соништата, а за некои ова се секако измислици, но тоа не нѐ спречува да сонуваме.

Ако некогаш сте се запрашале дали луѓето во светот сонуваат исто како и вие, истражувањето спроведено од mornings.co.uk го откри најчестиот сон во секоја земја. Тие го преведоа зборот „сон“ на секој јазик, а потоа со анализа на податоците од пребарувањето на Google ги открија темите од соништата кои најчесто ги пребаруваат жителите на различни земји.

Гледајќи ги резултатите, може да се каже дека соништата можат да кажат многу за психата на една земја. Британците, на пример, наводно најмногу сонуваат за губење на забите, што очигледно може да значи дека се чувствуваат вознемирени или под стрес.

Жителите на САД, Канада и Австралија исто така имаа многу соништа без заби, но најчестиот сон ширум светот се однесуваше на змиите. Тие беа најчестиот сон во повеќе од една третина од сите земји, од Бразил и Индија до Казахстан и Египет. Други соништа засновани на животни вклучуваа глувци, гулаби, верверички, риби…

Но, не сонуваат само животните. Многумина сонуваат и за поранешни љубови (Јапонија, Того, Мадагаскар), некои паѓаат во вода (Јужна Кореја), но и измама (Андора) и мртви (Коста Рика, Унгарија).

Исланѓаните многу сонуваат за снег (ништо чудно), Грците сонуваат за капи, Бутанците за виножита, а Албанците сонуваат за – гради. Многу други сонувале за брак и бременост, за кои претпоставуваме дека може да бидат добри или лоши, како и пари и фризури. И сигурно, секако, се прашувате кој е најчестиот сон во Македонија?

Па, не сме премногу иновативни и најчесто сонуваме што и другите – змии. На линкот ТУКА можете да проверите и за некои други земји доколку ве интеренсира.