„За малку ќе умрев од сепса откако ги исеков ноктите. Сакам да ја подигнам свеста зашто секому може да му се случи“

Татон Спилер, татко на 43 години, вели дека за малку ќе починел од сепса откако се здобил со мала рана додека ги сечел ноктите. Овој настан се случил во јуни 2022 година, а тој завршил на интензивна нега пет дена.

Татон објаснува дека откако се исекол со ноктарицата, отишол во амбуланта, но му било кажано само да земе парацетамол. Се вратил дома сам, бидејќи неговата свршеница била на патување, но ситуацијата се влошила.

„Мојата баба ме најде во страшна состојба во кревет. Умирав. Ако не дојдеше, не можам да замислам што ќе се случеше,“ изјави Татон. Тој верува дека, ако не го пронашла, ќе бил сам 72 часа, што можело да биде кобно.

 

Кога се вратил во амбуланта тие веднаш повикале брза помош. Татон бил префрлен на интензивна нега, каде што започнал да халуцинира. „Халуцинирав, не знаев каде сум. Немав никаква врска со реалноста,“ вели тој. Мислел дека е 1966 година, дека е во кино и дека има тигар во неговата болничка соба.

Неговата свршеница Кејти, со која е шест години заедно, го посетила и му помогнала да излезе од замаглената состојба. Татон сега е целосно физички закрепнат, но сè уште има ментални потешкотии со повремени флешбекови од интензивната нега. „Имам лоши флешбекови од единицата за интензивна нега. Некои од тие визии многу јасно ги помнам и не се добри,“ споделува тој.

 

Се чувствува среќен што преживеал, но сега се бори за подигнување на свеста за сепсата.

„Зборот сепса сега многу повеќе е присутен кај луѓето отколку порано. Доволна е мала инфекција за да има огромни последици,“ вели Татон. Тој сака луѓето да се прашаат „Може ли да е сепса?“ и да се прегледаат, бидејќи раната интервенција може да спречи сериозни последици како ампутации или смрт.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *