За некои луѓе среќата се насмевнува двапати: Овој човек успеа да го освои џекпотот по втортпат и да стане двоен милионер

За повеќето од нас, освојувањето на џекпот е животна желба. Тоа е нешто за кое што разговараме со нашите пријатели, но никогаш не веруваме дека може нам да ни се случи. Така можете да замислите колку бил шокиран овој човек од Мичиген, кога го освоил џекпотот од 4 милиони долари не еднаш, туку двапати – сè во просторот од само три години.

Марк Кларк, од Саут Роквуд, се чини дека е најсреќниот човек на светот, откако ја освои истата награда двапати на Мичиген Лотарија, прв пат во 2017 година додека играше инстант натпревар на лотаријата Милионер Клуб и повторно овој месец играше со исплата на 150.000.000 американски долари.

Неговата среќа го изненадила пред три години кога застанал да си наточи бензин на бензинска пумпа во Хадсон, Мичиген. Додека чекал 50-годишникот си купил грепка и го изгребал бар-кодот. Тој го однел ливчето кај продавачот и тие разговарале додека тој го гребел остатокот, одеднаш човекот се шокирал и му рекол: „Марк само што освои 4 милиони долари.“

Откако првично прославил со сопственикот на бензинската, Марк го вратил камионот на работа и отишол кај своите родители да ја сподели добрата вест. Оттогаш тој дал откз од работа и голем дел од времето го поминува на риболов.

Да се навратиме во сегашноста. Минатата недела Марк повторно купил грепка. Овој пат, тој ја изгребал во продавницата со паричка што татко му му ја дал пред околу 10 години. „Го изгубивме пред околу една година по некои здравствени борби и не можев да помогнам, но мислам дека можеби таа среќна паричка ми помогна да го освојам ова“, изјави тој за Лотарија на Мичиген.

„Не мислите дека ќе освоите милиони еднаш и дефинитивно никогаш не мислите дека тоа ќе се случи двапати. Тешко е да се стави во зборови точно она што го чувствувам. Имав многу подеми и многу падови во мојот живот, но сè е прилично неверојатно во моментов.“, вели Марк.

И во двата случаи Марк одбра да ја прифати својата награда како еднократна исплата од околу 2,5 милиони американски долари, наместо да прима годишни исплати на целиот износ.