За оваа мајка мислат дека е сестра на нејзината 19-годишна ќерка, па дури и ѝ побарале лична карта

Рајан Гил од Ковентри, вели дека толку често ѝ бараат лична карта кога купува алкохол што сега мора секаде со неа да си ја носи возачката дозвола. И вакви грешки не прават само касиерите, таа вели дека многу луѓе мислат дека е децении помлада и сестра на нејзините ќерки, 19-годишната Јасмин и 25-годишната Нелам.

Мајката на три деца вели дека ѝ ласка кога луѓето ќе ја направат помлада, но во исто време се чувствува непријатно кога тоа ќе се случи пред нејзините деца. Рајан е професионална шминкерка. „Девојките честопати се срамат кога некој ќе праша дали сум нивна сестра, но мислам дека тоа е огромен комплимент“, вели таа.

Во една прилика на жената ѝ побарале лична карта кога сакала да купи боја за радијатор, нешто за што треба да имате 16 години за да го купите.

50-годишната Рајан вели дека никогаш не ставала ботокс и нема такна за нејзиниот младешки изглед и верува дека станува збор за добри гени.

Освен тоа сопругот на Рајан е 10 години помлад од неа, но таа вели тоа никогаш не било проблем затоа што сите кога ќе ги видат заедно мислат дека таа е помлада од него.