„За почиста Македонија“ го вратија сјајот на Скопско Кале

Чистата животна средина треба да ни е приоритет на сите нас, а грижата за неа ќе престане кога свеста кај граѓаните ќе порасне до тој степен кога нема ниту да помислат да ѝ наштетат на било каков начин. За жал ваков „луксуз“ сѐ уште не можеме да си дозволиме, но затоа тука се здруженија и млади луѓе кои се подготвени да застанат на страна на природата.

На 21.02.2021 „За почиста Македонија“ заедно со „Младихаб“ организираат еко-акција за чистење на Скопско Кале. На акцијата присуствуваа околу 30 млади активисти (меѓу кои имаше и странци-волонтери) кои во период од 2 часа собраа преку 20 црни ќеси со отпад кој беше расфрлан насекаде во тврдината. Исто така активистите извадиле и отпад кој што е несекојдневно да се најде фрлен на тоа место како: двд плеер, правосмукалка, филџани за кафе, туби за вода, чадори, пластични столици и многу други работи на кои не им е таму местото.

Од ЗПМ го критикуваат град Скопје за ова несериозно управување со Скопско Кале и бараат да преземат одговорност за оваа слика да не биде повторена. Доколку некој сака да им се приклучи или контактира тоа може да го направи преку нивните профили на Инстаграм и Фејсбук.