За прв пат во историјата научници успеаја безжично да поврзат човечки мозок со компјутер

Технолошкиот напредок доаѓа неколку месеци откако Елон Маск го претстави прототипот на неговиот чип за мозок Neuralink, само наместо во личност, тој бил всаден во свиња по име Гертруда.

Научниците од Универзитетот Браун, САД,  воспоставија врска помеѓу човечки мозок и компјутер, способен да пренесува сигнали со „резолуција на еден неврон“.

Во услови на зголемен интерес за интерфејси помеѓу мозок и компјутер (BCI), студијата проучувала двајца учесници со парализа (двајца мажи на возраст од 35 и 63 години, кои порано претрпеле повреди на ‘рбетниот столб) како го користат  BrainGate системот со безжичен предавател, за да кликаат и пишуваат на стандарден таблет.

Во списанието IEEE Transactions on Biomedical Engineering се вели: „системот работи со помош на мал предавател тежок нешто повеќе од 40g. Единица е поставена на врвот на главата на корисникот каде што се поврзува со електрода во моторниот кортекс на мозокот со користење на истата метода што ја користат жичените системи“.

Неверојатно, учесниците успеале да го постигнат истото ниво на точност и брзина на пишување користејќи ја технологијата BrainGate, за која се вели дека е способна да користи BCI до 24 часа, дури и додека спиеле, па истражувачите можеле да продолжат да ги испитуваат податоците.

Џон Симерал, доцент по инженерство на Универзитетот Браун и главен автор на студијата, рече: „Сигналите се снимаат и пренесуваат со соодветна точност, што значи дека можеме да ги користиме истите алгоритми за декодирање што ги користевме со жична опрема“.

Тој додаде: „Единствената разлика е во тоа што луѓето повеќе не треба физички да се врзуваат за нашата опрема, што отвора нови можности во однос на тоа како може да се користи системот“.

Леј Хохберг, професор по инженерство на универзитетот и водач на истражувањето, рече: „Со овој систем, ние сме во состојба да ја разгледуваме активноста на мозокот, дома, во текот на долги периоди на начин што беше скоро невозможен порано. Ова ќе ни помогне да дизајнираме алгоритми за декодирање кои овозможуваат непречено, интуитивно, сигурно враќање на комуникацијата и мобилноста на лицата со парализа“.