За „само“ 585 долари на ноќ, можете да спиете во меур сместен во џунгла

Тајланд е познат по својата прекрасна природа, неверојатен животински свет и релаксирачко тропско време, што го прави совршена дестинација за одмор за љубителите на отворено. Да ги приближат туристите уште поблиску до природата, има одморалиште кое ви дозволува да останете во меур, буквално.

Лоциран во северниот дел на Тајланд, „Златниот триаголник“ е камп и одморалиштекое привлекува авантуристи со своите уникатни транспарентни меурчиња со прекрасен поглед кон областа населена со слонови.

Овие неконвенционални соби се нарекуваат меурчиња во џунгла. Тие се направени од високо-технолошка ткаенина од полиестер, која им овозможува на посетителите да ја видат околината без никакви ограничувања. Секој меур е 22 квадратни метри и вклучува огромен кревет, нетранспарентна бања и простор за седење.

Гостите не се обврзани да ги оставаат своите апартамни за вечера бидејќи персоналот им ја носи. Околу 60 слонови кои живеат на имотот се спасени од улиците на Тајланд и се сместени во кампот за да живеат поудобен живот. Одморалиштето ветува незаборавна ноќ во луксузната купола за 585 долари за ноќ за две лица.