За сите оние што сѐ уште не веруваат: Како едно едноставно соѕвездие ја руши целата теорија дека Земјата е „рамна“?

Во последните години теоријата за рамната Земја стана неверојатно популарна и покрај научните докази. Но, нејзините приврзаници ја игнорираат реалноста: само еден поглед кон небото открива дека тие не се во право.

 

Како едно едноставно соѕвездие ја руши целата теорија дека Земјата е „рамна“?

Главните тврдења на теоријата

Според поборниците на „рамната Земја“, нашата планета е огромен диск со центар на Северниот пол, опкружен со мориња и висок ѕид од мраз (Антарктида). Сонцето и Месечината вртат над дискот, а ѕвездите се залепени за некоја купола над Земјата. Така тие објаснуваат различни соѕвездија над различни делови од планетата.

Едно соѕвездие што не се вклопува во приказната: Октант ја побива целата теорија

Секој што се наоѓа во Јужната хемисфера може да го види соѕвездието Октант. Колку подалеку кон југ се наоѓате, толку повисоко на небото стои Октант. Ова е поради тоа што Октант се наоѓа речиси на оската на ротација на Земјата, а неговата ѕвезда Сигма Октанта е јужен еквивалент на Поларната ѕвезда. Ниту една замислена купола не може да го прикаже Октант над сите точки на југ истовремено – ова е можно само ако Земјата е топка, а не диск.

 

Научниот факт што не може да се побие

Позицијата на Октант на небото логично се објаснува само со сферична форма на Земјата. Сите обиди за да го вклопат Октант во нивниот модел се неуспешни. Некои тврдат дека Октант не постои, други замислуваат екрани што прикажуваат „лажна слика“, или дури и микрочипови во човечки очи – но, тоа се само извинувања, не аргументи.

Речиси невозможно е да ги убедите оние што веќе цврсто веруваат во теоријата за рамна Земја, особено ако не сакаат да ги разгледаат вистинските докази. Но, Октант останува соѕвездие кое секоја ноќ им покажува дека науката е на страна на вистината, а не на фантазиите на заговорниците.

  • Фау напиша:

    Реално, и двете теории се неточни!
    Земјата нити е топка која се врти, која нема никаква логика, а исто не е ни рамна Земја.
    Според светиот Вјачеслав, кој ја видел Земјата како изгледа, таа е како полусфера, која се потпира на три столба. Земјата била огромна, повеќе од што мислиме.
    Според светиот Енох, сонцето и месечината се еднакви по величина, но сонцето е седум пати посветло од полната месечина. Земјата е статична и стои. Тоа го пишува и во Библијата, која е 100% вистина.
    Затоа и двете мејнстрим теории не се целосни и се нешто и фале. Погледнете сонцето и Месечината, со голо око се гледа дека се еднакви на небото. Какви се глупости не учеле по школите…ццццц.

    • BEZ напиша:

      ау сине па ти се бодеш

    • Одозгора напиша:

      Така е Фау, во право си не лажат за да не контролираат и да може да им робуваме на банкарите и олигарсите. Треба да се собереме и да им ја скршиме кичмата и да може да си живееме без обврски кон корпорациите и властите на секоја држава. Секој човек реба да биде слободоумен за да може да го достигне потенцијалот на мозокот а не да стануваме ретардирани робови.

  • Role напиша:

    Ti ako nestoto go gledas od razlicna dalecina normalno e toa nesto da e pogolemo ili pomalo. Taka e i so sonceto i mesecinata. A naukata ili biblijata se mnogu razlicni raboti. Ednoto so drugoto e zalno da se sporeduva.

  • Role напиша:

    Ke citiram samo eden od najgolemite naucnici na za toa shto e Bog. AJNSHTAJN. 1954god. Zborot Bog za mene ne e nisto poveke od izraz i proizvod na coveckite slabosti, a Biblijata zbirka na blagorodni, no sepak primitivni legendi, koi i pokraj toa se prilicno detski”. “

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *