Забавен парк во Австралија е осуден од посетителите поради „јавно исмевање на тежината на луѓето“

Корисниците на социјалните медиуми го критикуваа забавниот парк „Авантуристичкиот свет на Перт“ бидејќи ги „понижувал“ гостите. „Бојкотирајте го Авантуристичкиот свет додека не ги сменат своите нови одвратни правила“, коментираат на Фејсбук страницата на паркот.

Тоа доаѓа откако паркот воведе ваги за мерење на тежината на посетителите, поконкретно, станици за мерење кои трепкаат црвено или зелено во зависност од тежината.

Не само што ова прави луѓето да се чувствуваат засрамени, туку и самите ограничувања на телесната тежина се  проблематични. Просечниот маж во Европа тежи околу 83 килограми, додека просечната жена тежи 70 килограми.

Една од атракциите во забавниот парк е забранета за луѓе кои имаат над 90 килограми, што е само 7 килограми над просекот за мажи. Но по се изгледа дека посетителите се повеќе вознемирени од начинот на кој се сопштува нивната тежина. Отакако ќе бидете измерени вагата светка зелено или црвено во зависност од резултатите. Ако забележите црвено светло, вие, и сите околу вас ќе знаат дека сте претешки за да уживате во некои од забавните атракции во паркот.

Како одговор на критиките, извршниот директор на паркот Ендрју Шари рече: „Ние го правиме ова поради безбедносните спецификации. Нема промени, ниту воведување на нови барања за безбедност. Скалата за проценка на безбедна тежина на посетителот се носи во согласност со скоро сите други забавни паркови во земјата. Не сме сами во имплементација на таков систем“.