Заборавено богатство од Источна Македонија: Дали некогаш сте го посетиле езерото Водоча?

Кога ќе се спомне Струмица и природните богатства во нејзината околина најпрвин ни текнува на Смоларските и Колешинските водопади. Сепак ретко кој не живее во Струмица и околината знае за езеро кое го опкружува прекрасна природа.

Езерото Водоча се наоѓа во сливот на реките Водочница и Тркајана. Оваа вештачка акумулација има површина од 1,9 км2 и длабочина од 42 метри. Името го добило по близината на селото Водоча. Исто така ова место е познато како место кое се спомнува во познатата Брегалничка битка на царот Самоил.

Според легендата, за време на битката на Беласица која ја водел Цар Самуил, дошло до насилно ослепување на војниците. Се смета дека тој настан се случил токму во ова село, по што произлегло и името од двата збора: „вади очи“. Сепак, научните толкувања кои се повикуваат и на пишаните историски извори каде се среќава името Водица, сметаат дека името на селото Водоча е изведено од апелативот вода со додавката -оча.

Локалниот пат го заобиколува целото езеро и има макадамски патеки кои водат до самиот брег на езерото. На брегот може да се најде борова шума, така што природата овозможува одлични услови за рекреација.

Езерото најмногу им е познато на локалните жители и туризамот тука не е развиен. За жал на некои фотографии можат да се видат и отпадоци и шут околу езерото што создава една многу тажна глетка за „културата“ на луѓето.