Забранет рај: Остров населен со 250 луѓе без вода, автомобили и мобилни телефони

На прв поглед, Нихау може да изгледа како идеално место за одмор. Тој е најмалиот населен остров на Хавајските Острови, а зафаќа околу 179 квадратни километри долж западниот брег на Кауаи.

Во овој тропски рај опкружен со Тихиот Океан, температурите се движат меѓу 20 и 30 Целзиусови степени во текот на целата година, а плажите се полни со ретки школки.

Но, за жал, ретко кој може да го посети. Го нарекуваат забранет остров бидејќи е во приватна сопственост, а може да се посети само со посебна покана.

Кралот Камехамеха IV го продаде Нихау во 1863 година на Елизабет Синклер за 10.000 долари, а нејзините наследници – семејството Робинсон – владеат со островот повеќе од сто години.

На коњи и велосипеди

Пописот од 2009 година тврди дека на островот живеат 130 луѓе, но се проценува дека бројот пораснал на 250 лица кои го поминуваат својот живот далеку од придобивките на современиот свет без да плаќаат кирија.

Нема патишта, хотели или супермаркети. Еднаш неделно, брод со потребните намирници се укотвува на Нихау, а хеликоптерот на сопственикот е достапен во случај на итност. Коњите и велосипедите се главното превозно средство на островот.

Жителите немаат мобилни телефони ниту вода, а струјата се добива преку соларни панели.

Сопствениците сакаат да ја задржат хавајската култура, а тоа е единствениот остров на Хавајските острови каде само неколку зборуваат англиски.

Опасности од воздухот

Живееле мирно и без големи драми. Или така било барем до 7 декември 1941 година, кога се урнало јапонско воено летало по нападот на Перл Харбор на Нихау.

Несреќата ја преживеал јапонскиот пилот Шигенори Нишикаичи, кој сеел страв меѓу локалното население една недела додека не бил спречен од понатамошни криминални активности.

На островот доминира сув терен, па населението го користи за сточарство. Секое домаќинство има мала градина каде што одгледуваат неколку зеленчуци за кулинарски комбинации со говедско и овчо месо, или риба што ја ловат сами.

Ниихау е дом и на хавајската крзнена фока, а на островот секоја година се раѓаат десет до 12 младенчиња кои се инаку загрозени видови.