Забранет влез во рајот: Земја која бара од секој турист да положи еколошка заклетва
Туризмот, со мала „пауза“, цвета низ целиот свет и колку што носи профит, постои загриженост во многу, особено во помалите земји, колку овој голем број посетители ѝ штети на еколошката рамнотежа. Една мала земја, всушност 13 -та најмала во светот, Палау, откри како да се справи со овој проблем.
Бидејќи имаат само 20.000 жители, и во просек ги посетуваат повеќе од 160.000 туристи годишно, оваа бројка веќе е „почувствувана“ во околината, па локалната власт одлучи да воведе нешто во своето законодавство за да стави крај на ова.
Секој патник што доаѓа во Палау со својот пасош добива заклетва со печат дека ќе треба да ја потпише пред да му биде дозволено да влезе во земјата.
Заклетвата гласи: „Деца на Палау, се колнам во оваа заклетва како ваш гостин, дека ќе го чувам и заштитувам вашиот прекрасен и единствен островски дом. Се колнам дека ќе го третирам нежно и ќе истражувам со свест. Нема да земам ништо што не ми треба. Нема да му наштетам на оној кој не ми штети мене. Единствените отпечатоци што ќе ги оставам се оние што ќе бидат измиени“.
Така Палау стана првата земја во светот која воведе ваков вид заклетва во својот закон пред неколку години. Заклетвата се заснова на долгогодишен напор да се запре прекумерното уништување и експлоатација на природните богатства.
Жителите се надеваат дека оваа заклетва ќе им олесни на патниците на островот да разберат дека тие играат клучна улога во зачувувањето на архипелагот за идните генерации, бидејќи повеќето од нив не се ни свесни за стапалото што го оставаат.
Иако иницијативата првенствено беше покрената за намалување на штетата врз животната средина поради премногу туристи, жителите исто така дадоа заклетва. Децата ќе почнат да учат за екологија и да ја зачуваат својата околина на училиште, а на возрасните исто така ќе им се обезбедат специјални програми за учење еколошки одговорно однесување.
Дека властите воопшто не се шегуваат со оваа заклетва, докажува и фактот дека туристите плаќаат казна за прекршување. А сумата е до милион долари.
Палау е всушност архипелаг од околу 200 природни вулкански и варовнички острови, сместени во Тихиот Океан, помеѓу Јапонија и Австралија. Овие острови се богати со прекрасни чисти плажи и шуми кои привлекуваат туристи. Тие исто така имаат засолниште за ајкули со големина на Калифорнија, тие го имаат забрането дупчењето за нафта и комерцијалниот рибилов.