Забрането „олеснување“ во океанот: Невообичаени факти за земјата на фадо и Кристијано Роналдо
Една од најстарите земји во Европа е многу позната по храната и виното со врвен квалитет, фадо танцот, но и одличните фудбалери. Сепак, постојат работи кои веројатно помалку ви се познати за самата Португалија, па да ве запознаеме со нив …
Португалците често се чувствуваат saudade
Овој збор нема буквален превод на ниту еден јазик, но опишува посебна состојба на умот. Тој игра прилично важна улога во португалската култура и дава објаснување за меланхоличните состојби на луѓето во земјата. Овој термин често се поврзува со носталгија, но тоа не е точно. Саудаде зборува за копнеж или силна желба за нешто, а може да се однесува на личност, место, предмет… Се верува дека терминот настанал во време на големи географски откритија и најчесто го чувствувале морнарите кои отпловиле од нивните пристаништа.
Тие не вечераат пред 20 часот
Португалците, исто како и нивните шпански соседи, сакаат да јадат доцна, а последниот оброк во денот обично започнува помеѓу 20 и 22 часот. Дури и рестораните обично се отвораат околу 19 часот, а типичен португалски ден, што се однесува до храната, изгледа вака: појадок во 8 часот, ручек во 13 часот и вечера како што е споменато. Секако дека „гризат“ нешто измеѓу.
Бадник одбележан со банани
Доколку на Бадник се најдете во градот Брага, можно е да „настрадате“ со лизгање на кора од банана. Имено, овде постои традиција на „Бананеиро“, што значи дека на тој ден на улиците во градот, со добар алкохол – се консумираат банани.
Име на детето – државна дозвола!
Во Португалија постои список на дозволени и забранети имиња кои можат да се користат за именување на децата. Првата листа вклучува португалски имиња и на тој начин помага за одржување на традицијата и идентитетот на земјата, додека втората најмногу содржи имиња од популарната култура, како Нирвана, Хендрикс, Бен-Хур… Во секој случај, ако сакате на дете да дадете име кое не е наведено, мора да добиете државна дозвола.
Нема мокрење во океанот
Да, ниту Португалците не се имуни на некои необични закони, а еден од нив е забраната за мокрење во океанот. Згора на тоа, казната не е безопасна затоа што можете дури и да бидете уапсени. Она што навистина не интересира овде, всушност, е следното – како е можно да се фати сторителот?
Не јадете во движење
Локалните жители може да бидат вознемирени ако ве видат како јадете во движење и дефинитивно нема да бидат среќни поради тоа. Зошто? Бидејќи јадењето овде е свет ритуал и треба да се јаде во седечка положба. Секако, тука постојат и многу тезги со улична храна, но се смета дека откако ќе купите ваков оброк треба да најдете место каде што ќе можете да седите и да јадете на мир.