Мајка на три деца успеала да ослабе 33 килограми правејќи само мали промени во нејзината исхрана, а денес работи како фитнес тренер
Младата мајка на три деца, која „се чувствувала како 80-годишна старица заробена во тело на 35-годишна девојка“, ослабе неверојатни 33 килограми без интензивни тренинзи и гладување.
Меги Скамвугерас, од Сиднеј, носела облека со големина 22 и живела на „диета“ со брза храна, слатки или солени грицки.
Во еден момент, таа не можела да оди без да чувствува болка во колената и глуждовите.

Таа ја пробала секоја диетеа што постои, но никогаш не успела да изгуби многу килограми и секогаш се враќала на своите стари навики.
Но, по раѓањето на нејзиното трето дете пред три години, таа решила еднаш засекогаш го смени начинот на живот.
Нејзината пресвртница дошла откако ги видела сликите од крштевката на нејзината ќерка.

Ги погледнав фотографиите и се чувствував како да гледам во странец. Лицето што го гледав како да не беше мое“, рече таа.
Таа смета дека заслугата за нејзиното слабеење се должи на внесување помалку јаглени хидрати, и намалување на шеќерот, и зголемување на внесот на храна богата со здрави масти.
И за само девет месеци таа се симнала на големина 12.
Пред нејзиното неверојатно слабеење, Меги рече дека нејзината диета се состоела од јадење „што и да е“ без да се земе предвид хранливата содржина.
„Бев заробена во сопственото тело. Телото ми откажуваше. Моите колена и глуждови ме болеа кога одев и не можев да трчам наоколу и да си играм со моите три прекрасни девојчиња. Ова стана моето најголемо „зошто“.

Мајката, која страдала од постојана болка и исцрпеност, рече дека забележала дека нејзината тежина брзо се намалила кога започнала со кето диета.
„Сметав дека ова е лесно да се следи и не се чуствував како да сум на диета“, рече таа.
„Почнав да правам мали промени секој ден кои оттогаш се претворија во доживотни навики“.
За девет месеци, таа изгубила 10 килограми.
Чувствувајќи се мотивирана, Меги, која ја документира нејзината неверојатна трансформација на Инстаграм, започнала да вежба и продолжила да следи здрав начин на исхрана.

„Изгубив 33 килограми“, вели таа.
Гледајќи назад на старите слики од себе, Меги, која сега работи како фитнес тренер, рече дека се сеќава дека се чувствувала „непријатно“ во сопствената кожа.
