Загадувањето води до анксиозност и депресија: ЕУ предупредува дека менталното здравје на милиони е загрозено

Европската агенција за животна средина (EEA) алармираше дека загадувањето на животната средина е поврзано со бројни ментални заболувања кај Европјаните. Според нив, построго регулирање и спроведување на законите може значително да ги намали стапките на депресија и анксиозност низ Европа.

Загадувањето води до анксиозност и депресија: ЕУ предупредува дека менталното здравје на милиони е загрозено

Воздухот, бучавата и хемиското загадување директно поврзани со ментални нарушувања

Агенцијата на ЕУ посочува дека особено воздухот, бучавата и хемикалиите се главните виновници за појавата на ментални проблеми кај Европјаните.
“Студиите постојано покажуваат дека загадувањето на воздухот, особено во форма на ситни честички (PM2,5) и азотен диоксид (NO2), е поврзано со депресија и депресивни симптоми”, се наведува во извештајот на агенцијата.

Изложеноста на олово и други хемикалии ја зголемува опасноста за менталното здравје низ целиот живот

Извештајот дополнително нагласува дека изложеноста на олово, ендокрини дисруптори и други хемиски супстанции, особено во клучните фази на развој, може да го зголеми ризикот од појава на ментални заболувања подоцна во животот.

Бучавата од сообраќајот дополнително го зголемува ризикот за анксиозност и депресија кај ранливите групи

Бучавата од авио и патниот сообраќај исто така може да биде директно поврзана со зголемен ризик од појава на депресија и анксиозност, особено кај најранливите категории население.

Достигнување „нула загадување“ ќе донесе значителни придобивки за менталното здравје на Европјаните

„Напредокот кон целите за нулта загадување може да обезбеди повеќекратни придобивки за менталното здравје и благосостојбата“, оценуваат од EEA. Дополнително, природните решенија нудат докажани бенефити за луѓето со ментални нарушувања – го намалуваат стресот, анксиозноста и депресијата, а преку контакт со природа се подобрува општото здравје и благосостојба.
Според ЕЕА, во 2023 година менталните заболувања се шестиот „најголем товар на болести“ во Европската Унија и осма водечка причина за смрт.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *