Загатка: Кој ќе преживее во Тројниот дуел?
По долго несогласување, г-дин Црн (Блек), г-дин Сив (Греј) и г-дин Бел (Вајт) се договараат да влезат во троен дуел. Стојат на триаголник – секој на еднакво растојание од другите двајца. Секој од нив има различна прецизност:
Г-дин Црн е најлошиот стрелец – погодува само 1/3 од обидите.
Г-дин Сив е малку подобар – погодува во 2/3 од случаите.
Г-дин Бел е совршен стрелец – погодува секогаш (100%).
Тие пукаат по следниот редослед:
Прв пука Црн, потоа Сив, и најпосле Бел. Се менуваат по истиот редослед сè додека не остане само еден жив.
Прашање:
Што треба да направи г-дин Црн во неговиот прв потег за да има најдобри шанси да преживее?
Решение: Стратегија на преживување
Иако звучи чудно, г-дин Црн треба да пука во воздух, односно намерно да промаши.
Зошто?
Целта на г-дин Црн е да не биде веднаш елиминиран, а тоа најдобро ќе го постигне ако ги натера другите двајца – кои се подобри стрелци – да пукаат еден во друг, наместо во него.
Ако г-дин Црн се обиде да го убие:
• Г-дин Бел (најдобриот стрелец):
Ако успее (1/3 шанса), г-дин Сив ќе го нападне него (Црн) и има 2/3 шанса да го убие.
• Г-дин Сив:
Ако успее (1/3 шанса), тогаш останува сам наспроти г-дин Бел, кој сигурно ќе го погоди – нема шанси за преживување.
А што ако промаши намерно?
Ако г-дин Црн пука во воздух, тогаш:
1. Г-дин Сив ќе нишани во г-дин Бел (најголемата закана) – има 2/3 шанса да го погоди.
2. Ако го промаши, г-дин Бел ќе го погоди Сив, бидејќи тој е поголема закана од Црн.
Во двата случаи, г-дин Црн добива нова шанса да преживее, со поголема веројатност отколку ако директно нападне некого.
Г-дин Црн најмногу си ги зголемува шансите за преживување ако не пука во никого на почетокот. Со тоа, ја префрла опасноста од себе и ги оставa другите двајца да се елиминираат меѓусебно.
Ако г-дин Црн прв пука во воздух, има само 40% шанси за преживување. Ако го застрела г-дин Бел, неговите шанси за преживување се поблиску до 31%. А ако го застрела г-дин Греј, неговите шанси за преживување се најлоши, околу 26,5%.
А можи и да се случи Добриот (Клинт Иствуд) да му го испразни пиштолот на грдиот (Ели Валах) вечерта пред дуелот за следниот ден да се фокусира само на лошиот (Ван Клиф).
Коментирај анонимно