Загатки за деца кои ќе го натераат и возрасниот човек да си ја почеша главата барајќи го точниот одговор

Често им поставуваме загатки на децата со цел да го поттикнеме критичкото размислување и да го „размрдаме“ нивниот мозок.

Но понекогаш треба да се обидеме и ние да учествуваме во забавата, а овие интересни загатки ќе ве натераат да се помачите додека го најдете точниот одговор.

Точните одговори се наоѓаат најдолу на страната, но не ѕиркајте додека не размислите добро.

1. Мајката на Aна имала четири деца. Првото се викало Април, второто Мај, а третото Јуни. Како се вика четвртото дете?

2. Висока сум кога сум млада, а ниска сум кога сум стара. Што сум јас?

3. Кој месец од годината има 28 дена?

4. Што се јавува еднаш во минута, двапати во еден момент, а ниту еднаш во илјада денови?

5. Што е тоа што исчезнува кога ќе го изговорите нејзиното име?

6. Што можете да држите во левата рака, а не во десната?

7. Ако трчате на трка и го поминете лицето на второто место, на кое место сте?

8. Што има нозе, а не оди?

9. Имам езера без вода, планини без камења и градови без згради. Што сум јас?

10. Што има зборови, но никогаш не зборува?

Дали размисливте добро?

Еве ги одговорите.

  1. Ана
  2. Свеќа
  3. Сите
  4. Буквата „М“
  5. Тишината
  6. Десниот лакт
  7. Второ место
  8. Маса
  9. Географска карта
  10. Книга