Загрижувачки фотографии: Најдолгата река во Франција се суши среде зима

Вообичаено, реката Лоара се полни со вода до крајот на февруари, кога се топи зимскиот снег. Но, снимките од дрон покажаа дамки од песок видливи додека водиата пресушува. Франција ја доживува една од најлошите зимски суши во историјата, со помалку од 1 милиметар врнежи од дожд 32 последователни дена од 21 јануари до 22 февруари. Според метеоролошката служба Метео Франс, ова е рекорд од 1959 година. Француската метеоролошка агенција соопшти дека февруари завршил со дефицит на врнежи од околу 75 отсто.

Говорејќи на земјоделскиот саем во Париз, францускиот претседател Емануел Макрон повика на „план за заштеда на вода“ кој би можел да вклучи поефикасни начини за рециклирање на дождовницата, поправка на истекување во залихите на вода и подобра дистрибуција на водата за пиење до потрошувачите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *