Заљубени гулaпчиња: 102-годишна жена се омажи за 100-годишен маж откако се запознале во пензионерската заедница

Марџори Фитерман и Берни Литман, од Филаделфија, се запознале пред девет години откако за време на забава во центарот – и го имале првиот состанок истиот ден. Тие оттогаш не погледнаа назад и официјално се венчаа на 19 мај.

Двојката, која заедно има 202 години, се смета дека е најстарата жива, брачна двојка во светот и нивните семејства неодамна контактирале со Гинисовата книга на рекорди за да потврдат.

 

Внуката на Берни, Сара Сичерман (39), изјави дека – и покрај тоа што биле заедно речиси една деценија – тие двајцата почнале да разговараат за брак дури откако Марџори паднала и ја скршила ногат.

Имаше таков момент „Не сакам да живеам без тебе, зошто да не се венчаме?“ Отпрвин мислевме дека се работи за шега, но потоа продолжија да се снаоѓаат и ги презедоа сите неопходни чекори“, сподели таа.

 

Сара објасни дека стогодишниците формално поднеле барање за дозвола за брак за да ја направат официјална легална заедница.

За да го сторат тоа, двојката мораше да извади нова лична карта со фотографија бидејќи им била истечена возачката дозвола.

Марџори и Берни се венчаа пред 10 од нивните најблиски членови на семејството на интимна прослава.

„Не често ми се бара да претседавам на свадбата на невестата и младоженецот кои живееле повеќе од еден век, всушност, ова е единствениот пат кога тоа се случило. Фактот што повторно ја пронајдоа љубовта е трогателен“ – изјави рабинот Адам Волберг.

 

И Марџори и Берни претходно биле во брак.

Берни бил во брак 65 години пред да стане вдовец во 2012 година, а Марџори исто така уживала во долг брак се додека нејзиниот прв сопруг не почина.

„Толку сме среќни што најде некој со кој сака да поминува време. Слатко е што решија да го направат ова… и забавно е за нас како семејство да можеме да го споделиме ова со сите – да имаме ваква радосна вест во време кога работите се навистина луди во светот“. – рече Сара.

Сара понатаму сподели информации за нејзиниот дедо: „Тоа што го одржува умот остар е многу важно. Тој е инженер, па затоа отсекогаш сакал по нешто да поработува и чепка“.

 

Берни останал активен и учествувал во тениски натпревари до неговите 80-ти.

А за неговата нова сопруга, таа додаде: „Марџори е исто така многу софистицирана и образована. Таа била учителка, а нејзиниот сопруг бил воено лице, па поради тоа многу често и патувала. Таа живеела три години во Јапонија“.

Марџори нема деца, па затоа симболично ги посвои двете деца на Берни, четири внуци и девет правнуци, како свои.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *