Замислете да можете да умрете само од еден обичен бакнеж? Кај оваа девојка мажите мораат да следат три строги правила пред да ја бакнат поради нејзината хронична состојба

Наречете го бакнежот на смртта.

Керолајн Креј Квин, од Бостон, има сериозни алергии на храна и хронична болест наречена синдром на активирање на мастоцитни клетки (MCAS). Оваа болест прави нејзиниот имунолошки систем да препознава речиси сè како алерген, освен овес и хипоалергена формула.

MCAS може да предизвика сериозни симптоми како отекување, тешко дишење, осипи, повраќање, дијареја, а во тешки случаи може да доведе до животно-загрозувачка анафилаксија. Затоа секој маж што сака да ја бакне Квин мора да следи три правила.

„Прво правило е дека не смеат да консумираат ниеден од моите шест главни алергени (кикирики, јаткасти плодови, сусам, киви, сенф или морска храна) 24 часа пред да ме бакнат,“ објаснува таа.

„Второто правило е дека не смеат да јадат ништо три часа пред да ме бакнат. Третото правило е дека мора да ги измијат забите.“ Ако не ги следат овие правила, последиците би можеле да бидат опасни по мојот живот.

 

И за жал Керолајн не е единствена со оваа болест. Еден од шест луѓе, вклучувајќи познати како Били Ајлиш и Халси, имаат некаква форма на мастоцитна болест, а MCAS е најчеста. Наташа Коатс, гимнастичарка од Велика Британија, исто така има MCAS и е алергична на силни емоции. Таа на 20 години дури го планирала и својот погреб поради сериозноста на нејзината болест.

 

На Керолајн ѝ е важно да се фокусира на среќно и исполнето живеење, наместо да се подготвува за најлошото. Прв пат имала реакција во 2017 кога една алергиска реакција поради крос-контаминација со јатки ѝ предизвикала серија анафилактилни реакции на храна на која претходно не била алергична.

„Мојот алерголог тогаш се посомнева во MCAS, но ми требаше специјалист за официјална дијагноза. После осум месеци на чекање, конечно добив дијагноза. MCAS ми предизвикува тешки симптоми како отекување и чешање на грлото, губење на свеста, низок крвен притисок и осипи. За да ги избегнам тие реакции, избегнувам тригери како храна, животинска коса, прашина, топлина и одредени мириси“.

Што се однесува до бакнувањето, тоа носи ризик. „Бакнувањето со момци е ризично, може да внесе нестабилност во мојот живот. Но, исто така, и секојдневниот живот е ризик за мене. Иако можам да избегнувам бакнежи и да живеам како во меур кога се однесува до врски, сакам да преземам мали, пресметани ризици за да живеам целосен и среќен живот. Среќа, досега сум имала само помали алергиски реакции од бакнување, како чешање на устата, јазикот и усните. Кога ќе се појават, веднаш ги мијам забите и земам лекови“. – вели таа.

 

„Овие правила не само што ми го заштитија имунолошкиот систем, туку ми помогнаа и да избегнам мажи кои не се грижат за мене. Со овие правила го најдов и моето момче, Рајан. Се запознавме летово, и веднаш му ја објаснив мојата специјална диета со овес и формула, што тој среќно ја прифати за нашите бакнувања да бидат безбедни. Ако некој е подготвен да следи неколку правила за да те бакне, тоа значи дека се грижи за тебе и дека е подготвен да вложи напор.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *