Замрзнат „пештерски човек“ мистериозно се појави во Минеаполис и сите го споредуваат со необичните монолити

Ледена скулптура во која има замрзнат пештерски човек се појави покрај патеките во националниот парк во Минеаполис, оставајќи ги локалните планинари запрепастени.

Бизарното дело, кое е споредувано со монолитни структури што се појавија низ целиот свет на крајот на минатата година, го отсликува пештерскиот човек Зуг Зуг затворен во пластика, која изгледа морничаво како огромен блок мраз. Но, за разлика од монолитите за оваа дело веднаш се знае кој го има создадено.

Пештерскиот човек е создаден од уметникот Зак Шумак, кој ја создал скулптурата Леден човек за претходен маркетинг настан, сепак, тој решил да го сподели делото со луѓето од Минеаполис. Сега, скулптурата стои помеѓу две патеки во паркот Теодор Вирт, внимателно закопана во густиот снег.

„Секој ден одев во мојата гаража и ја гледав оваа работа како ме гледа и ми се чинеше како да е срамота што ова парче уметност само седеше таму. Навистина ми се допаѓа тоа што привлекува внимание, бидејќи луѓето ги оддалечува од своите телевизори и компјутерски екрани.“, вели Зак.

Зак продолжува да објаснува дека сака да им даде на луѓето во градот „нешто друго да зборуваат – нешто позитивно“, во време кога се чини дека несреќата и мракот се единствената работа на агендата за вести.

Шумак се надевал дека можноста да налетаат на необичната скулптура ќе ги „охрабри луѓето да излезат, да одат во парковите, да одат по патеките и да го истражуваат паркот“.

Статуата, која била рачно изработена од самиот Шумак, првично била поставена во паркот без одобрение од Одделот за паркови, но наскоро станало очигледно дека локалното население ја сака новата инсталација, а многумина застанале да ја фотографираат за социјалните мрежи.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.