Замрзната птица стара 46 000 години, толку добро зачувана што научниците мислеле дека „умрела вчера“

Пердувото суштество, за кое се верува дека е предок на модерната Алпска ушеста чучурлига била откриена мраз во тунел на рудник. Рудникот се наоѓа во близина на селото Белаја Гора, северо-источно од Сибир.

Алпските ушести чучулиги се познати по тоа што сакаат живеалиштата да им бидат на отворен простор, како што би било во Сибир за време на последното ледено доба.

Според истражувачите заледената птица била женка и е првата замрзната птица која е најдена во оваа област. Со голема веројатност птицата починала од ненасилна смрт која дозволила таа да биде совршено замрзната и спречила нејзино распаѓање низ милениумите, велат истражувачите.

Птицата била дадена на палеонтологот Лав Дален и неговите колеги во шведскиот музеј за природна историја, за да можат да го проучат трупот откако бил пронајден 7 метри во мразот, од страна на локалните ловци на фосилни слонови коски.

Професорот Дален и неговиот колега Николас Дусекс од Центарот за палеогенетика во Стокхолм внимателно ги анализирале остатоците во нивната лабораторија.

Истражувачите успеале да откријат дека птицата живеела пред околу 46.000 години со употреба на радиојаглеродно датирање а исто така го идентификувале како предок на модерната Алпска ушеста чучурлига. Суштеството било роднина на два различни подвида на Алпска ушеста чучурлига пронајдени во Русија и Монголија.