Запознајте ја убавицата која освен што стана Мис Белгија во слободно време управува со авиони

Анџелина Флор Пуа е првата жена со филипинско и азиско потекло што го освои Мис Универзум Белгија. Флор Пуа е исто така лиценциран комерцијален пилот кој што лета авиони за да се релаксира во слободно време.

24-годишната вели дека уште од 12-годишна возраст се учествува во натпревари за убавина, но нејзиниот сон отсекогаш бил да изгради кариера во авијацијата.

Флор Пуа е родена и пораснала во Белгија, а нејзините родители се од Филипините. Таа вели дека порасна прифаќајќи ги белгиските и филипинските култури. Лиценцираниот комерцијален пилот неодамна се натпреваруваше на Мис Универзумот во 2019 година, но не дојде до самиот крај. Како и да е, таа ги освои титулите Мис Филипини Европа 2016, Мис Антверпен 2018 и Мис Белгија 2018, по што продолжи да ја претставува Белгија во Мис на Светот 2018 и Мис Универзум 2019 година.

Сепак, да станете лиценциран пилот не е лесно или евтино, може да трае илјадници часови обука и да чини стотици илјади евра. „Навистина мора да знаеме многу. За време на тренингот во одреден момент, мислев дека ќе бидам метереолог, или инженер наместо да бидам пилот.“, вели таа шегувајќи се со бројот на предмети што морала да ги проучува. „Имаме големи одговорности како пилот“.

Таа помина четири години учела за да добие лиценца за летање, а дипломирала во 2018 година, додека била Мис Белгија.