Запознајте го Марио, „заводливиот“ Италијанец кој најде начин како да ги продаде фармерките и да стане познат
Марио Грацијано, имал пар фармерки кои му биле премногу тесни и сакал да ги продаде. Така 54-годишниот маж решил да ги изрекламира, но на прилично „специфичен“ начин. Марио се занел во улога на модел и неговите фотографии веднаш станаа хит во Велика Британија, каде што Марио живее.
Бидејќи луѓето „полудеа“ по фотографиите на човекот, тој решил да продолжи да објавува „провокативни“ фотосесии од „италијанскиот стил“ и сега има илјадници обожаватели.
Тој дури и размислува да ја промени својата кариера во продажба на растенија во Плимут (што е негова страст) на продажба на панталони, костими за капење и долна облека. „Ќе продавам уште неколку панталони во следните неколку недели и во текот на летото ќе продавам многу долна облека, шорцеви, фармерки и костими за капење.“, вели тој.
Марио се нарекува „италијански пастув“, додека Британците го нарекуваат „Лискеард Лотарио“, бидејќи тој живее во Лискеард, Корнвол. Тој стана славна личност не само преку Интернет (каде многу дами и момци му посветуваат внимание), туку и во реалниот живот. „„Не е важно каде одам, луѓето ме запираат и ми велат: ‘Ти си оној тип од Фејсбук?’“, додава Марио.