Запознајте го човекот кој мисли дека луѓето треба да „изумрат“

Не се нови информации дека глобалното затоплување полека, но сигурно ја уништува нашата планета. Сепак, бидејќи повеќето од нас започнуваат да рециклираат сè што е на повидок, едно лице мисли дека има најдобар начин за потенцијално решавање на проблемот.

Таа личност е американскиот наставник Лес Најт. Лес е дел од групата наречена „Доброволно движење за истребување на човекот“ (VHEM) и да, токму за тоа и се залагаат.

Групата се опишува како: „Движење напреднато од луѓе кои се грижат за животот на планетата Земја. Ние не сме само еден куп мизантропи и анти-социјални, кои имаат морбилно задоволство секогаш кога катастрофата ги погодува луѓето. Ништо не може да биде подалеку од вистината. Доброволно човечко истребување е хуманитарна алтернатива на човечки катастрофи.“

Главната човечка катастрофа на која мислат, е претпоставивте, глобалното затоплување. НАСА смета дека е „екстремно веројатно“ дека причината за климатските промени се сведува на човековата активност – нашето сегашно ниво на концентрација на јаглерод диоксид е на 412 делови на милион, што претставува зголемување од над 45% од прединдустриско ниво.

Поради ова, Лес верува дека најдоброто нешто што можеме да направиме за планетата е „да живееме долго и да изумреме“, што е мотото на движењето. Лес ја имал оваа теорија со децении, најпрво започнал да ја промовира во 1970-тите додека бил на универзитет.

Тој вели дека движењето не опфаќа било каков вид на масовно самоубиство. Евидентно е дека луѓето се водечка причина за климатските промени, според Лес ќе бидат потребни на Земјата 3-10 милиони години за да се опорави од нашите постапки. Поради ова, Лес чувствува дека луѓето треба да изумрат, така што земјата може да започне да се обновува, и за да го сториме тоа, треба да престанеме да се размножуваме.

Самиот Лес ја следи сопствената теорија и нема деца. За да се осигура дека нема да се репродуцира, Лес имал васектомија на 25-годишна возраст, нешто за што и 47 години подоцна вели дека не жали. „Најголем проблем што го имаме глобално со репродуктивната слобода е недостатокот на слобода да не се репродуцираме. Секој има право да не биде затруднет кога не сака да биде, но тоа право е строго ограничено на целата планета.“, вели тој.

Веруваме дека Лес ќе си остане со малку приврзаници на неговата теорија, затоа што новите животи ја носат всушност и смислата на живеење.