Запознајте ги најголемите американски КОВИД хипохондрици: Во изолација се и после 4 години од пандемијата, не излегувајќи од дома цели 1620 дена

За многу Американци, пандемијата на Ковид и карантинот никогаш не се завршени.

Сара Ен Вилет, од Њу Џерси, поминала повеќе од 1.600 дена во изолација, ретко излегувајќи од дома и планира дополнително да се изолира на село. Поради нејзиниот ослабен имунолошки систем, таа трпи силна вознемиреност само одејќи по улица или одејќи по намирници во страв да не се разболи. Таа веќе преземала мерки на претпазливост како носење маска во јавност пред пандемијата за да избегне фаќање бактерии. Но, од март 2020 година, таа отишла во крајност. Сега, таа и нејзиниот сопруг бараат да се преселат на село за дополнително да се изолираат.

 

   

 

Чарис Хил, жител на Калифорнија со „медицински потреби од високо ниво“, излегува од карантин само еднаш месечно за да се сретне со социјално дистанцирана група пријатели.

Загриженоста на двајцата пациенти доаѓа бидејќи случаите на Ковид се зголемуваат со училишната сезона, иако смртните случаи и хоспитализирањата остануваат на најниско ниво од почетокот на КОВИД.

И не се само Вилет и Хил, речиси екој четврти Американец изјавува дека избегнува голема гужва, во споредба со 9 од 10 во 2020 година.

 

 

 

Откако започнала пандемијата, г-ѓа Вилет ја однела изолацијата на друго ниво. Кога нејзиното семејство се преселило од Ајова во Њу Џерси поради новата работа на нејзиниот сопруг, тие инсистирале да возат преку ноќ за да избегнат бензински пумпи и постојки за одмор. Семејството сега планира да се пресели на село за дополнително да се изолира и да ги задржи строгите здравствени мерки на претпазливост. Нејзината надеж е да се врати на градинарството, трчањето и пиењето кафе на тремот. Таа дури планира да купи доволно земја за другите имунокомпромитирани луѓе кои се уште се изолирани да можат да живеат во заеднички простор.

 

 

На Чарис Хил му била дијагностицирана системска воспалителна болест, која предизвикува имунолошкиот систем да реагира прекумерно на благи вируси како настинка или грип и постојано да мора да зема имуносупресивни лекови. Поради ова, тој се плаши да одат на лекар, бидејќи повеќе не се потребни маски во чекалните.

Кога еднаш месечно ќе ја прекине изолацијата, тој оди во во парк со пријатели кои носат маски и претходно се тестирале за КОВИД и секако се негативни.

Иако повторно низ светот се појавува КОВИД, не е страшно како во екот на пандемијата, па затоа, да, се препорачува луѓето да бидат повнимателни, но сепак, не мора до степен како Хил и Вилет.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • dimce напиша:

    Ne sum siguren,no vo Bardovci ili D.Hisar ima slobodni mesta sobite za izolacija,a ke jadat besplatno,struja neplakat….

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *